
Потрес во тимот на Синер пред Вимблдон – отпушти двајца соработници!
Синер одлучи да ја прекине соработката со кондициониот тренер Марко Паничи и физиотерапевтот Улисес Бади.
Италијанецот во јавноста истакна дека станува збор за рутинска промена без нешто сериозно, но сепак ретко кој верува во такво нешто бидејќи отказите дојдоа на само три дена пред почетокот на еден од најголемите тениски турнири.
Посебно е изненадувачки отказот за физиотерапевтот бидејќи најдобриот тенисер во светот сега на Вимблдон ќе дојде без човекот задолжен за неговото здравје.
Фото: EPA