Поразот на Алкараз е добра вест за Ѓоковиќ!

Карлос Алкараз доживеа изненадувачка елиминација во четвртфиналето во Мајами, а тоа значи дека ќе загуби и АТП поени.

Во отсуство на Ѓоковиќ, Алкараз беше главен фаворит за освојување на турнирот во Мајами, но шпанскиот тениски ас беше надигран и поразен од Григор Димитров.

Минатата сезона во Мајами, Алкараз стигна до полуфиналето, а тоа значи дека со елиминацијата во четвртфиналето не ги одбрани поените и ќе загуби 160 поени на АТП листата.

Ѓоковиќ и без настап ќе ја зголеми предноста на врвот, ќе има 1.080 поени повеќе од Алкараз, додека Јаник Синер со евентуален триумф на турнирот ќе има само 135 поени помалку од шпанскиот тенисер.