Огромен скок на Калин Ивановски - напредуваше 60 места

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го продолжува прогресот на АТП листата, како резултат на добрите резултати во последно време.

На најновото рангирање, објавено денеска, тој забележа скок од 60 позиции, благодарение на тоа што минатата недела ги помина квалификациите во Сан Марино и дојде до првото коло на главниот турнир. Поради тоа заработи пет бода и со 29, сега се наоѓа на 793. место, а ова е втора недела по ред во која напредува по 60 или повеќе места.

Тоа, сепак, се уште е далеку од неговиот најдобар пласман, 305. место од 2023 година, но мора да се знае дека ја пропушти речиси цела ланска сезона поради повреда и операција.