Нори не беше закана, Алкараз ќе води битка за финале со Фриц!

Карлос Алкараз се пласираше во полуфиналето на Вимблдон откако славеше уште една сигурна победа, сега против Камерон Нори без изгубен сет со 3-0.

Шпанскиот ас првиот брејк го направи уште во третиот гем кога поведе со 1-3, а веќе на наредниот сервис на Нори стигна до уште еден за 1-4. Нори не успеа да возврати, па сетот Алкараз го освои со 6-2.

Слично беше и во вториот гем кога одново Алкараз двапати го одзема сервиссот на Нори и го доби сетот со 6-3. Не го изгуби Шпанецот, својот сервис и во последниот гем кој го освои со 6-3 за полуфинале каде што ќе се соочи со Тејлор Фриц кој денес претходно беше подобар од Карен Хачанов.

Ќе потсетиме, Алкараз на Вимблдон ја брани титулата која ја освои минатата година.