
Неверојатен податок: Синер во еден сегмент е дури 54. тенисер во светот
Многу сегменти од играта на Синер се на највисоко ниво, меѓутоа бројките откриваат и каде има проблем.
Во прашање е неговиот прв сервис кој во овој момент го погодува со околу 60.6% на успешност што го прави дури 54. тенисер во светот во таа категорија.
Тоа не е фактор поради кој Синер би загубил од некој ривал послаб од себе, меѓутоа може да му создаде проблем во битките со Алкараз кои веројатно ќе ги има повеќе во годините кои следат.
Иако е најдобар во процентот на гемови освоени на свој сервис (92%) и втор по поени освоени на втор сервис (59.6%). Очигледно е дека таактиката на Синер носи свесно ризикување кога во прашање е сервисот.
Фото: US Open Tennis Championships/FB