Навивач го прекина финалето во Мелбурн, па како партал го исфрлија од теренот (ВИДЕО)

Еден навивач скокна од трибините за време на финалето на Австралија Опен помеѓу Рафаел Надал и Данил Медведев, кои водат жестока битка за секој поен, но брзо реагираше обезбедувањето за да го отстрани од теренот.

Навивачот скокна во близина на русинот Медведев во вториот сет од финалната пресметка, ама обезбедувањето брзо го фати и не дозволи да се случи поголем спектакл, па како партал го влечеа и го изнесоа од „Род Лејвер Арената“ во Мелбурн.