Надал: Српските навивачи немаат почит - мислат дека ова е фудбал!

Селекцијата на Србија го освои трофејот во премиерното издание на АТП Купот, откако во финалето славеше над Шпанија со 2-1 во победи.

Меѓутоа многу контроверзи беа забележани на вториот меч кој го доби Новаќ Ѓоковиќ, а во главна улога беше Рафаел Надал. Во нивниот меѓусебен дуел, публиката евидентно беше на страната на Ѓоковиќ, а Надал поради тоа се пожали кај судијата дека има премногу врева од страна на навивачите, со што дополнително го собра гневот.

Веднаш по овој натпревар, Рафа требаше да игра во решавачкиот меч, во двојки, но се предомисли во последен момент, а го замени неговиот сонародник Фелисијано Лопез.

Искрено, публиката беше фантастична секој ден, но понекогаш луѓето во некои земји не разбираат како функционира тенисот, мислат дека ова е фудбал. Почитувањето мора да постои, а сега го немаше, истакна Надал по мечот.