Надал: Не знаев дали ќе се вратам на терен, а сега го држам пехарот

Рафаел Надал денеска стигна до својата рекордна 21. грен слем титула откако во големото финале го совлада Данил Медведев со 3-2 во сетови. 

Шпанецот губеше со 0-2, но по неверојатна борба што траеше пет часа и 24 минути успеа да дојде до победата.

„Најпрво морам да кажам дека ова сигурно е тежок момент за Данил, јас сум бил во таа позиција неколку пати на овој турнир. Не се сомневам дека ти можеш да го освоиш овој турнир и тоа неколку пати во кариерата. Сакам да ти честитам тебе и на твојот тим и семејството“, му се обрати Шпанецот на својот ривал во финалето.

„Ова е еден од најемотивните моменти во мојата кариера, го делев теренот со тебе и ти посакувам се најдобро во кариерата. Не знам што да кажам. Се чувствувам неверојатно, пред месец дена искрено не ни знаев дали ќе можам да се вратам на теренот, а денеска еве го држам трфејот пред вас. Не знаете колку многу се борев за да дојдам тука, ви благодарам на сите за љубовта и подршката. Без сомниение ова е една од најемотивните победи во мојата кариера. Тука имав неверојатна подршка и засекогаш ќе остане во моето срце“, рече Надал во својот победнички говор во Мелбурн.