Надал и Федерер фуриозно до осминафиналето на Австралија опен

Рафаел Надал и Роџер Федерер и во третата рунда го демонстрираа својот квалитет по лесните победи во три сета против своите противници. 

Шпанскиот тенисер го совлада домашниот фаворит Алекс де Минаур со 6-1, 6-2 и 6-4 и си закажа дуел во 4.коло со Томаш Бердих, кој пат во четири сета беше подобар Диего Шварцман.

Федерер го преслуша Американецот Тејлор Фриц во три сета со 6-2, 7-5 и 6-2, а во осминафиналето ќе игра против младиот Стефанос Циципас.

Пласман во следната рунда обезбедија и Роберто Баутиста -Агут, кој го победи Карејн Хачанов во три сета со 6-4, 7-5 и 6-4. Григор Димитров беше подобар од Томас Фабијано исто така во три сета, а Франсес Тиафое во пет сета го совлада Андреа Сепи.