Надал го шокираше цел свет по спектакуларната победа во Мелбурн (ФОТО)

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал славшее во финалето на Австралијан опен против Данил Медведев со 3-2 во сетови, па така стана најтрофеен играч по број на освоени титули на гренслем-турнирите.

Откако заврши церемонијата за доделување на пехарите на „Род Лејвер арената“, Надал направи потег кој никој не го очекуваше. Шпанецот не замина да го слави неговиот голем успех, туку седна на велосипед и почна со тренинг.

Надал сега има 21 гренслем-трофеј, односно еден повеќе од Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ, кој не доби можност да ја брани титулата во Мелбурн поради тоа што австралиските власти му ја укинаа визата.