Морбидни закани кон тенисерка: Се надевам дека ќе умреш од рак, само ковчег за твоето семејство

Британската тенисерка Кети Болтер во интервју за „Би-Би-Си“ кажа дека за време на настапот на Ролан Гарос добила морбидни закани кои биле упатени кон неа и нејзиното семејство.

Болтер посочи дека онлајн нападите стануваат секојдневие и загрижена е какво влијание може да имаат врз помладите тенисери.

„Се надевам дека ќе добиеш рак... Само ковчег за цело твое семејство... Оди по ѓаволите, ги загубив парите од мајка ми“, биле само дел од пораките кои ги добила Болтер.

„Би-Би-Си“ објави дека во текот на 2024 година јавно биле испратени 8.000 навредливи, насилни или заканувачки пораки на профилите на 458 професионални тенисер(к)и.