Медведев закажа полуфинале со Синер во Мајами

Данил Медведев во два сета го победи Николас Јари и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Мајами каде ќе игра против Јаник Синер.

Медведев тргна убедливо, го доби првиот сет со 6-2 со два освоени брејка. Во вториот сет имаше голема борба, двата тенисери беа одлични на свој сервис, па тајбрејкот одлучуваше, него го доби рускиот тенисер со 9-7 и ја завери победата од 2-0.

Во полуфиналето Медведев ќе игра против Јаник Синер кој претходно во два сета го победи чешкиот тенисер Махач со 6-4 и 6-2.