Барселона има светла иднина: Наследникот на Бускетс доаѓа од „Ла Масија“

Серхиот Бускетс стана легенда на Барселона, а по неговото заминување каталонскиот гигант постојано бара негов наследник и очигледно конечно го пронајде во „Ла Масија“.

Шпанските медиуми пишуваат дека тренерот Чави бил фасциниран од 16-годишниот Марк Бернал, кој ќе тренира со првата екипа на Барселона.

Чави смета дека Бернал има потенцијал да го наследи Бускетс и да стане еден од предводниците на Каталонците во иднина.