
Лани се откажа од тенисот поради големите гради, денеска избори - финале на Вимблдон!
Анисимова мораше да се повлече од тенисот на неодреден период поради нејзините големи гради, но потоа се врати и воодушеви со настапите, а сега ќе има шанса и да се закити со пехар на Вимблдон.
„Навистина се борам со моето ментално здравје, за мене стана неподносливо да бидам на тениски турнири. Се трудам колку што можам да го пребродам ова. Ќе ми недостига тенисот и ќе ја ценам поддршката што ја добивам“, напиша тогаш Анисимова.
Анисимова очигледно помина низ проблемите со кои се соочуваше и се врати посилна на теренот, а тоа го покажа на еден од најпрестижните турнири во светот.
Да потсетиме, Американката со руско потекло славеше во полуфиналето на Вимблдон против Сабаленка со 2-1 во сетови.
Фото: EPA PHOTO