Коко Гоф шокирана од наградата во Ријад: Не знам што да правам со толку многу пари!

Третата најдобра тенисерка во светот, Коко Гоф, ја победи Кинеската Ќинвен Џенг во финалето на завршниот турнир во Ријад (Саудиска Арабија), совладувајќи ја во три сета со резултат 3-6, 6-4, 7-6).

На патот до титулата, исто така, беше подобра од Ига Швјонтек и Арина Сабаленка, што освен пехарот ѝ донесе и неверојатна награда од 4,8 милиони долари, сума што ја остави изненадена.

„Навистина не знаев. Бев свесна дека ќе биде голема сума, но не толку многу. Многу ми значи. Купив куќа. Следната недела ќе одам на музички фестивал. Не знам, не сум од оние што сакаат да трошат многу пари, да бидам искрена. Не знам што ќе направам. Ова навистина се многу пари“, изјави Гоф.