
Канадски тенисер стана најмлад финалист во историјата на АТП 500
Аласиме историја испиша, откако во полуфиналето го совлада Пабло Куевас со 6-3, 3-6. 6-1 и успеа да обезбеди влез во големото финале. АТП 500 серијата е воспоставена од 2009 година, а во случај на триумф на Канаѓанецот ќе стане најмладиот победник на АТП турнирите во нивната историја, ќе го презеде местото на Кеј Нишикори кој во 2008 славеше со 18 години и 50 дена.
Тоа што е сигурно е дека Рио де Женеро сигурно ќе донесе прв АТП трофеј во кариерата на некој од двајата финалисти. Ниту Џере нема АТП трофеј во својата кариера, па и за него ова е прво финале во кариерата, иако има 23 години.