
Ивановски без изгубен сет до второто коло на турнирот во Опатија
Ивановски до победата во првото коло против Данецот Кејн Бонсах Генлеј дојде за 103 минути игра со 2-0 (6-4, 7-5) во сетови. На страната на Калин беа и вкупниот број поени на средбата 74-64.
Во првиот сет Ивановски прво успеа да спаси брејк топка која ја имаше противникот во третиот гем, а потоа во 10-тиот го доби сервисот на Данецот за освојување на сетот.
Имаше противникот на Ивановски дури пет брејк топки и во вториот сет, меѓутоа и тука не ги искористи. Освојувањето на сетот и победата Ивановски ги обезбеди со брејкот во 12-тиот гем.
Противник на Ивановски во второто коло ќе биде Вјачеслав Биелински од Украина кој е шести носител на турнирот.