
Интересно друштво се собрало на Корчула: Ѓоковиќ, Модриќ, претседателот на УЕФА.... (ФОТО)
А, таму се најде во друштво на неколку мега-ѕвезди на европскиот и светскиот фудбал. На една од плажите се опушташе со доскорешниот фудбалер и најтрофеен играч во историјата на Реал, Лука Модриќ, потоа хрватскиот репрезентативец и член на Манчестер Сити, Матео Ковачиќ и првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин.
Фудбалерите имаат одмор по настапот на Светското клупско првенство и пред да се приклучат на подготовките на своите екипи за новата сезона, додека Чеферин ги користи ретките слободни денови. Ѓоковиќ идната недела се враќа на тренинзи пред настапот на Мастерсот во Синсинати кој ќе му биде генерална проба пред УС Опен.