Ѓоковиќ знае да биде голем, емотивно му ја честиташе титулата на Зверев (ФОТО)

Откако Александар Зверев конечно успеа да ја освои својата прва грен-слем титула во кариерата, Новак Ѓоковиќ се огласи на социјалните мрежи со емотивна порака која го истакнува нивното долгогодишно пријателство.

Ѓоковиќ сподели фотографија од нивна прегратка на теренот, придружена со текст во кој се навраќа на почетоците и на врската што ја има со семејството Зверев.

Саша, те познавам уште од кога имаше 10 години. Ти се бореше на тренинг-терените со мојот најмлад брат, додека јас се натпреварував против твојот постар брат, Миша, на големата сцена и во јуниорска и во професионална конкуренција. Со години имаме однос на почит и пријателство со целото твое семејство. Имавме безброј разговори за тениска тактика, стратешка игра, живот, семејство и бизнис. Се забавувавме и на терен и надвор од него.

Знаејќи низ што мораше да поминуваш со твојата болест уште од млада возраст, надминувајќи ја најголемата ментална пречка во себе и замолчувајќи ги критичарите кои мислеа дека никогаш нема да освоиш грен-слем, овој триумф го прави уште посебен и понезаборавен. Глетката на солзите радосници што ги имаше заедно со твоите родители, братот и останатите членови на тимот ме направи емотивен. Среќен сум што успеа и апсолутно го заслужуваш овој успех, затоа што толку многу работеше на секој план за да го оствариш. Уживај во моментот“, порача Ѓоковиќ.

Зверев низ годините се соочуваше со проблеми, а болеста за која зборува Ѓоковиќ е дијабетес кој му е дијагностициран на германскиот тенисер.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)