
Ѓоковиќ за повредите: Не е до среќата – до годините е!
Свесен е Ѓоковиќ дека не може да биде физички подготвен како во минатото, а за последната година ипол вели дека е неговата најтешка во кариерата. Денеска против Синер тешко се двиежеше во текот на целиот меч, а причина беше повредата против Коболи во самата завршница од четвртфиналето.
„Не е среќа, туку години. Телото едноставно се троши, колку и да се грижам за него, чувствувам дека последната година ипол ми е најтешка досега. Тешко е да се прифати, бидејќи знам дека кога сум здрав, можам да играм врвен тенис, го покажав тоа и сезонава“, изјави Ѓоковиќ.
Посебен предизвик за Ѓоковиќ се долгите дуели во завршницата од турнирите каде до израз доаѓа младоста на Синер и Алкараз.
„Подолгите дуели ми создаваат проблеми, стигнувам до полфинале и потоа тука се Синер или Алкараз, млади и свежи, а јас сум веќе на „половина резервоар“ и така тешко е да победите“, изјави Ѓоковиќ.
За Синер пласманот во финалето оваа година е прв за него во кариерата на Вимблдон, а таму го чека токму Алкараз.
Фото: EPA