Ѓоковиќ вчера освои титула, но не го заборави и Модриќ (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ вчера во Женева ја прослави својата 100-та АТП титула во кариерата, а сега го чека настапот на Ролан Гарос, сепак српскиот ас не заборави да му честита и на Лука Модриќ.

Модриќ вчера го одигра последниот натпревар во дресот на Реал Мадрид и доби бројни честитки од фудбалската јавност.

Ѓоковиќ се огласи преку неговиот Инстаграм профил каде што сподели фотографија од хрватскиот ветеран додавајќи краток текст.

„Лука легендо!“, стои во објавата на Новак.