Ѓоковиќ сака да ја заврши сезоната без тренер!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ реши да ја прекине соработката со хрватскиот тренер Горан Иванишевиќ, а тоа го потврди со емотивна порака преку социјалните мрежи.

Ѓоковиќ има лош почеток на сезната, а српските медиуми пишуваат дека донел одлука да ја заврши годината без тренер.

Иако имаше шпекулации дека негов следен тренер би можел да биде Ненад Зимоњиќ, сепак такво нешто нема да се случи.