Ѓоковиќ пред Вимблдон: Не сум супер-човек!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е подговен и ќе настапи на Вимблдон каде што ќе се обиде да го освои пехарот, а во разговор со медиумите даде коментар за изјавата на неговиот ривал Карлос Алкараз.

Шпанецот претходно кажа дека Ѓоковиќ е суперчовек поради тоа што многу брзо се вратил на тениските терени.

„Не, не сум суперчовек. Фриц е суперчовек затоа што оздраве за една недела. Неговата ситуација ми даде надеж. Можеби докторите не сметаат дека сум целосно подготвен, но секој има различна реакција на рехабилитацијата“, кажа Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ се повреди за време на Ролан Гарос и направи операција, по што му се предвидуваше пауза до Олимписките игри (ОИ) во Париз, меѓутоа Србинот успеа да се врати во рекорден рок.