Демирал постигна два гола, но злато вреди и одбраната на Гунок во 94 минута (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Турција вечерва ја победи Австрија со 2:1 и така се пласираше во четвртфиналето на Европското првенство.

Огромни заслуги за победата на Турција има стоперот Мерих Демирал кој одигра натпревар за паметење и постигна два гола, но не смее е да се заборави и одбраната на голманот Гунок по ударот со глава на Баумгартнер во последните моменти.