Познати се сите парови за четвртфиналето на Европското првенство

Со завршувањето на вечерашното последно осминафинале помеѓу Австрија и Турција во кое славеше Турција познати се сите четвртфинални парови.

Со завршувањето на вечерашното последно осминафинале помеѓу Австрија и Турција во кое славеше Турција познати се сите четвртфинални парови.

Првото четвтфинале ни го носи и најголемото дерби досега на првенството во петок од 18:00 часот ќе се сретнат селекциите на Шпанија и Германија.

Истиот ден во вториот термин силите ќе ги одмерат Португалиј и Франција.

Наредниот ден е резервиран за условно кажано полесната страна од ждребот. Холандија ќе игра со Tурција додека од 21:00 часот ќе се соочат Англија и Швајцарија.

ЧЕТВРТФИНАЛЕ

Петок:
18:00 Шпанија – Германија
21:00 Португалија – Франција
Сабота:
18:00: Холандија – Турција
21:00: Англија – Швајцарија