Стоперот Демирал со два гола ја одведе Турција во четвртфинале (ВИДЕО)

Tурција е последниот четвртфиналист на Европското првенство откако вечерва ја совлада Австрија со 2:1, а најзаслужен беше стоперот Мерих Демирал кој вечерва беше расположен за голови.

 

Многу рано, уште во првата минута Турција стигна до водство кога Демирал по корнерот на Ѓулер ја погоди австриската мрежа. Австрија иако напаѓаше не беше толку опасна до крајот на полувремето, па така Турците на пауза заминаа со минимална предност.

Австрија тргна по израмнување и повеќе напаѓаше во второиот дел, меѓутоа место гол за изедначување, видовме гол за 2:0. Стрелец одново беше Демирал и одново по корнер на младиот Ѓулер.

Австрија не се откажа и се обидуваше да направи некакво чудо, сепак постигнаа само еден гол преку Грегорич кој беше доволен само за пораз од 2:1.

Противник на Турција во четвртфиналето кое се игра во сабота од 18:00 часот ќе биде Холандија која денес претходно ја елиминираше Романија.