Шок во кошарката: Се пензионираше Кемба Вокер!

Американскиот плејмејкер Кемба Вокер одлучи да стави крај на кариерата на 35-годишна возраст, потврди вечерва преку социјалните мрежи

Својата кошаркарска кариера, Кемба ја започна во Конектикат Хакишима во сезоната 2008/2009 и таму помина три сезона пред да го облече дресот на Шарлот. 

Токму во Шарлот помина најголем дел од кариерата, се задржа осума сезони. Потоа настапуваше уште за Бостон, Њујорк Никси и Далас пред да се пресели во Евролигата.

Изминатата сезона го носеше дресот на Монако каде што не се снајде најдобро и во просек имаше 4.4 поени. 1.4 скокови и 1.1 асистенции по натпревар. 

Најдобрата сезона во кариерата му беше 2018/2019 во Шарлот каде што имаше просек од 25.6 поени, 4.4 скокови и 5.9 асистенции по натпревар.