Ѓоковиќ направи хаос во Њујорк – играше тенис со тава и со безбол палица (ФОТО+ВИДЕО)
Најдобриот на светот против нив играше тенис, но не со рекет. Му подготвија штица, безбол палка, рекет за пинг-понг и тава. Србинот покажа дека не мора секогаш да игра со рекетот, а публиката уживаше во одлични потези на кои дефинитивно не беше навикната.
На „Денот на детето“ пред почетокот на турнирот, покрај Ѓоковиќ учествуваа и Карлос Алкараз, Ига Свјонтек и Коко Гоф.