
Ѓоковиќ: Му се восхитувам на Меси, првпат ме гледаше во живо
Мечот на Ѓоковиќ привлече дополнително внимание и поради тоа што на трибините беше Лионел Меси.
„Мило ми е што беше тука. За првпат играм пред него во живо и благодарен сум му што дојде. Му се восхитувам, како и поголемиот дел од светот. Неверојатно е што и понатаму игра, всушност, ние сме иста година, двајцата сме родени ‘87. година“, прокоментира Ѓоковиќ.
Пред Меси Ѓоковиќ посебно одличен беше на својот прв сервис и имаше процент од дури 87%.