Ѓоковиќ: Ме испровоцираа некои легенди, затоа ги покажав снимките од повредата

Новак Ѓоковиќ денеска излезе пред новинарите во Доха, во пресрет на настапот на турнирот во овој град и изнесе низа работи кои ги чувал во себе 20-тина дена.

Главна тема беше повредата што ја доживеа на Австралија опен поради кој го предаде својот меч против Александер Зверев во полуфиналето. На излегување од теренот беше исвиркан од фановите, потоа некои славни тенисери го обвинија дека измислува, па неколку дена подоцна Ѓоковиќ излезе со снимка на која се гледа руптура на мускулот. Денеска проговори што го испровоцирало така да постои.

„Ме изнервира тоа што почувствува дека една голема група луѓе мислат дека повредата не е вистинска и дека моите повреди се некој вид провокации или стратешки игри со противниците. Не би реагирал на тоа да не беа во прашање некои легенди на тенисот. Тоа ескалираше до таа мерка што луѓето почнаа да го доведуваат во прашање мојот интегритет и веродостојноста на она што сум го рекол, па затоа почувствував потреба да реагирам и да ја покажам снимката од магнетната резонанца“, објасни Ѓоковиќ.

Од понеделник тој ќе учествува на турнирот во Доха каде што ќе се обиде да дојде до првиот трофеј по пауза од 15 месеци и вкупно 100. во кариерата.