
Ѓоковиќ ќе „лови“ осма титула на Вимблдон
Ѓоковиќ имаше проблеми на свој сервис на стартот на мечот, а Синер не искористи две брејк-шанси. Лошиот почеток го разбуди Србинот кој веднаш му покажа на италијанскиот тенисер дека го чека пеколен натпревар. Новак направи брејк во вториот гем за водство од 2-0, а потоа сервираше без проблеми за да го добие сетот со 6-3.
Србинот направи брејк во третиот гем на вториот сет (2-1), по што Синер се обидуваше да ја врати неизвесноста, но не можеше да му парира на поискусниот колега кој продолжи да доминира на теренот и да го добие сетот со 6-4.
Италијанецот имаше две шанси да го освои третиот сет, но пропушти две брејк и сет-топки на сервисот на Ѓоковиќ во 10. гем, по што победникот се решаваше во тај-брејк каде што седумкратниот освојувач на Вимблдон славеше со 7-4.
Поранешниот најдобар тенисер во светот во финале ќе игра против победникот од натпреварот меѓу Данил Медведев и Карлос Алкараз.