Ѓоковиќ и Димитров ќе испишат историја чим стапнат на теренот во Мајами!

Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во полуфиналето на Мастерсот во Мајами, совладувајќи го Себастијан Корда со 6-3 и 7-6, со што дојде на само два чекори од својот јубилеен стоти АТП трофеј.

Србинот во полуфинале ќе се сретне со својот голем пријател, Григор Димитров, во меч кој ќе влезе во историјата како најстарото мастерс полуфинале – двајцата заедно имаат 71 година. И покрај пријателството, Ѓоковиќ нагласи дека на теренот нема да има попуштање и дека целта му е пласман во финалето. Димитров, пак, до полуфиналето стигна по напорна борба со Франциско Серундоло.

Организаторите го закажаа нивниот дуел како прв од вечерашната програма, а почетокот е предвиден за 20 часот по средноевропско време. Во второто полуфинале ќе се сретнат Тејлор Фриц и Јакуб Меншик.