Ѓоковиќ го замоли Јамал за фотографија: Син ми многу те сака (ВИДЕО)
Јамал го искористи божиќниот одмор во Ла Лига за краток одмор во Дубаи, каде што беше гостин на доделувањето на наградите „Глоуб Сокер“, на свеченоста се сретна со голем број спортски ѕвезди, вклучувајќи го и Новак Ѓоковиќ, кој таму ја доби наградата „Глоуб Спортс“. Јамал откри дека имале краток разговор и дека Ѓоковиќ го замолил за фотографија со својот син Стефан, а излезе и видео кое го потврдува тоа.
„Млад си, но неверојатно е што веќе успеа да направиш. Син ми многу те сака“, му рекол српскиот тенисер на фудбалерот пред да побара фотографија со Стефан.
Јамал, секако, се согласил и се фотографирале заедно. Шпанскиот интернационалец ја опишал ситуацијата во видео објавено на својот Јутјуб канал, во кое го резимирал својот престој во Обединетите Арапски Емирати.