
Ѓоковиќ го среди и Фриц и закажа нов спектакл со Алкараз
Со тоа го израмни рекордот на Џими Конорс и по 14. пат во кариерата стигна до финалето на турнирот во Њујорк, вкупно 53. пат ќе игра во Гренд слем полуфинале и си закажа нов спектакл со вториот светски рекет во моментов Карлос Алкараз. Освен тоа, Србинот се искачи на четвртата позиција на АТП листата, поминувајќи го токму Фриц кој досега се наоѓаше на тоа место.
Ѓоковиќ одлично го почна мечот, направи брејк веќе во вториот гем, потоа спаси брејк топка и поведе со 3-0 по што рутински го одведе сетот до крај. Вториот донесе многу поголема борба, Фриц во четвртиот гем пропушти две брејк топки, во шестиот уште една, а потоа двајцата тенисери направија по еден брејк и резултатот беше 5-5. Кога се очекуваше дека Американецот е во подем и може да израмни во сетови, направи две двојни сервис грешки по 30-30, Ѓоковиќ освои брејк и потоа поведе со 2-0 во сетови.
Третиот сет беше решен во четвртиот гем, на Ѓоковиќ му падна концентрацијата, публиката почна да го исвиркува и влезе во расправа со судијата, Фриц го искористи тоа за да поведе со 3-1 и да намали во сетови. Последниот беше релативно мирен се до десеттиот, последен гем на мечот. Дотогаш немаше ниедна брејк шанса, Ѓоковиќ потоа дојде до 15-40, Фриц ги спаси двете, но му дозволи уште една на својот противник која Србинот ја искористи за конечна победа.
Дуелот против Карлос Алкараз во полуфиналето ќе биде вистински тест за можностите на Ѓоковиќ во овој момент. Шпанецот годинава игра одлично и атакува на првото место на АТП листата при што од 20 април има само еден пораз и тоа во финалето на Вимблдон, од Синер. Ѓоковиќ и Алкараз годинава играа само еднаш и тоа во четвртфиналето на Австралија опен кога Новак славеше со 3-1.