Ѓоковиќ го сомле Гофан за деветто полуфинале на Вимблдон

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ без многу мака и лесно во три сета го победи Белгиецот Давид Гофан за да стигне до 12-та победа по ред на неофицијалното светско тениско првенство Вимблдон и да обезбеди деветто полуфинале.

Најмногу мака Ѓоковиќ виде во првиот сет, кој го доби со 6-4 и тоа успевајќи да го скрши белгискиот тенисер со упорноста, па од заостаток со брејк со 3-4, успеа со три врзани гема да стигне до предност, а потоа да си го олесни патот кон полуфиналето.

Во вториот сет беше маестрален, ја искористи индиспонираноста на Гофан за да не му препушти ниту гем, труумфирајќи со 6-0, а во третиот му дозволи само два за да го заокрижи настапот и новиот триумф.

Ѓоковиќ во полуфиналето го чека подобриот од дуелот Пела и Баутиста, кој се игра во моментов.