
Ѓоковиќ доби уште една битка – против хејтерите кои бараа негова суспензија!
Поради ова, многумина го нападнаа, па дури и побараа негова суспензија, во што предничеа англиските медиуми, кои традиционално го „хејтаат“ српскиот тенисер. Дека од сето ова нема ништо, односно дека популарниот Ноле не направи ништо надвор од протоколот потврди и Меѓународната агенција за интегритет во тенис (ИТА). Таа објави дека Ѓоковиќ бил тестиран во Малага, но примероците му биле земена по натпреварот, како што е и според правилата.
Најгласен во барањата за суспензија на Србинот беше поранешниот француски велосипедист Марк Мадио..
„Имаме правило за контрола пред и по натпреварувањето. Тој го одби преднатпреварувачкиот тест и ако антидопинг телото си ја врши работата, Ѓоковиќ мора да биде суспендиран. Во велосипедизмот мора да се тестирате, а ако одбиете, тестот е позитивен. За позитивен тест мора да бидете казнети. Немате право да одбиете тестирање, тоа е правило“, рече Мадио.
Меѓународната агенција за тениски интегритет по неговите тврдења се огласи и за „Екип“.
„Важно е да се нагласи дека Ѓоковиќ не го одбил тестот. Правилото е дека играчот е информиран, а потоа е должен да се тестира што е можно поскоро. Во натпреварувањата како што е Дејвис купот, играчот може да биде информиран за ова пред натпреварот, додека во другите натпреварувања тоа обично се прави после него. Тоа е веќе добро воспоставена процедура. Тенисерите имаат право да одлучат дали ќе бидат тестирани пред натпреварот. Доколку не решат така, после него ќе следи контрола. Тие имаат право на избор“, се вели во образложението.
Ѓоковиќ со Србија ја елиминира Велика Британија на стартот од завршниот турнир од Дејвис Купот во Малага, но потоа загуби во полуфиналето од Италија предводена од неговиот најголем ривал во моментов, Јаник Синер.