Федерер до Надал: Пред неколку месеци се шегувавме дека сме со патерици

Роџер Федерер преку социјалните мрежи му ја честиташе титулата на Австралија опен на својот голем ривал Рафаел Надал. 

Шпанецот со овој трофеј ги мина и Федерер и Новак Ѓоковиќ на вечната листа и сега има 21. грен слем, еден повеќе од двајцата ривали. Швајцарецот искрено му честиташе на Надал за трофејот.

„Каков меч. До мојот пријател и голем ривал Рафаел Надал, честитки од срце за тоа што стана првиот тенисер во историјата со 21.грен слем титула. Пред само неколку месеци се шегувавме затоа што двајцата бевме со патерици. Неверојатно. Никогаш не го потценувајте големиот шампион. Твојата неверојатна работна етика, посветеност и борбен дух е моја инспирација и на многу други низ целиот свет. Горд сум што ја делам оваа ера со тебе и чест ми е што играв улога во тоа да те туркам да постигнуваш повеќе. Како што ти праваше за мене изминатите 18 години. Сигурен сум дека ти претстојат уште многу големи достигнувања, но засега уживај во овој“, напиша швајцарскиот тенисер на „Инстаграм“.