Чилиќ ги доби резултатите од вториот тест на Ковид-19

Марин Чилиќ беше еден од учесниците на турнирот во Задар во рамки на „Адрија купот“ по кој позитивни на коронавирусот испаднаа Новак Ѓоковиќ, Григор Димитров, Борна Чориќ, Виктор Троицки, потоа двајца членови на струниот штаб на Ѓоковиќ, меѓу кои беше и Горан Иванишевиќ, а заразен со опасниот вирус беше и тренерот на Димитров.

Хрватскиот тенисер синоќа на „Твитер“ објави дека е негативен на Ковид-19 и по второто тестирање.

„По второто тестирање на Ковид-19 среќен сум да објавам дека моите резултати по втор пат се негативни. Ќе останам 14 дена во карантин и ќе продолжам да се консултирам со медицинските професионалци. Ви благодарам за позитивните пораки. На сите кои се заразени им посакувам брзо закрепнување“, напиша Чилиќ.