Бекер заглави во долгови - ќе мора да си ги продаде трофеите!

Познатиот германски тенисер и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер, поминува низ вистински пекол, откако дозна дека нема дипломатски имунитет и поради големите долгови ќе мора да ги стави на аукција вредните трофеи, кои ги освои во текот на својата кариера.

Адвокатите на Бекер процениле дека цела колекција, која ќе биде дадена на аукција, вреди 225.000 евра, а во неа ќе бидат сувенири и награди.

Бекер загуби 100 милиони евра на сомнителни инвестиции во Нигерија, па судот во Лондон прогласи негов банкрот минатата година.

За да се спаси од долговите во лондонската банка и за да добие дипломатски имунитет, Бекер објави дека станал дипломатски службеник за култура и спорт во Централноафриканската република. Сепак, на крајот било откриено дека тоа е лага.

Поради тоа е принуден на аукција да испрати сè што има, па ќе видиме колку пари ќе добие за споменатите трофеи.