АТП без дилеми: Ѓоковиќ е најдобриот тенисер за изминатата деценија

Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер последниве 10 години според Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП).

Неговите најголеми ривали Рафаел Надал се најдоа на второто и третото место, додека, место имаше и за Енди Мареј и Стен Вавринка. Српскиот тенисер освои 15 грен-слем трофеи изминатите 10 години, два повеќе од Надал, додека Федерер освои пет, а Мареј и Вавринка по три. Ѓоковиќ е доминантен и во освоените мастерс титули и има 29, додека Надал има 20, Федерер 12, Мареј 10, а Вавринка само една. 

Изминатите пет години Ѓоковиќ дури пет пати ја завршил сезоната на првото место на АТП ранг-листата, Надал 4, а Мареј еднаш. Ѓоковиќ дури 275 недели беше на првото место, многу повеќе од Надал (160), Федерер (45) и Мареј (41).