Арналди ѝ носи водство на Италија во финалето на Дејвис купот

Матео Арналди славеше во мечот против Алексеј Попирин во првиот натпревар меѓу Италија и Австралија во финалето на Дејвис купот.

Арналди во првиот сет направи два брејка на противнички сервис и го доби сетот со 7-5, додека Попирин на идентичен начин врати во следниот и славеше со 6-2.

Во третиот сет се водеше голема битка на теренот меѓу двајцата тенисери, а на крајот поуспешен беше Италијанецот со 6-4.