
Алкараз обезбеди осминафинале во Шангај за два сета и два и пол часа!
Посебно маратонски беше првиот сет, кој Алкараз го доби во тајбрејк, со 7-1. За да дојде до тоа мораше да се врати од негатива од 1-4 и да се избори за резултатски баланс. Во вториот сет, одново Еванс беше тој кој прв направи брејк, но Алкараз веднаш го рехабилитира, а во десеттата игра го повтори тој подвиг за да го заокружи мечот.
Кога играше, веќе знаеше дека во следното, осминафинално коло ќе го очекува Григор Димитров од Бугарија, кој утрово го надигра 13. носител, Карен Хачанов, во меч сличен на овој на Алкараз, со 7-6, 6-4.
Од носителите, турнирот заврши и за деветтиот, Тејлор Фриц, кој беше поразен во три сета од Диего Шварцман од Аргентина со 6-4, 3-6, 7-6.