Алкараз има проблем да стигне до финале, а кога ќе дојде таму е речиси непобедлив

Со само 20 години, Карло Алкараз веќе има 13 трофеи во својата кариера и тоа е уште една најава за блескава кариера на младиот Шпанец.

Она што го прави уште поголем во очите на љубителите на тенисот е процентот со кој победува во финалните дуели на АТП турнирите. Досега 17 пати играл во дуелите за титула и остварил 13 победи што во моментов е најдобар ефект во историјата на тенисот.

Неговиот ефект изнесува 76,4% и се наоѓа пред Пит Сампрас  и Род Лејвер кои имаат 72,72% и Новак Ѓоковиќ со 71,01%. Се разбира, примерокот на Алкараз е многу помал и во иднина овој процент веројатно ќе се намалува, но почетокот на неговата професионална кариера, сепак, е блескава.

Најдобро за него е тоа што од овие 13 трофеи, дури седум се на големите натпреварувања: два Гренд слема и пет Мастерси. Три од четирите порази во финалните натпревари се на „мали“ турнири (Умаг, Хамбург и Рио де Жанеиро), а за одбележување е само оној во Синсинати минатата година од Ѓоковиќ.