Алкараз добро се испоти за да ја мине првата пречка во Квинс

Вториот светски рекет Карлос Алкараз со победа од 2-0 го почна настапот на турнирот во Квинс кој од оваа сезона е дел од серијата 500.

Шпанецот беше подобар од Адам Волтон, но конечниот резултат не е реален исход на она што се случуваше на теренот. На Алкараз му беа потребни 104 минути за да го скрши отпорот на анонимниот ривал и во целиот меч направи само еден брејк.

Тоа се случи во седмиот гем од првиот сет кога по долга борба, ја искористи третата брејк-шанса и поведе со 4-3. Во деветтиот гем пропушти две сет-топки на сервис на Волтон, но потоа на свој сервис стигна до водство од 1-0. Во вториот сет немаше брејкови, па се решаваше во тај-брејк каде Алкараз беше подобар и славеше со 7-4 за вкупни 2-0.

Во второто коло, тој ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу неговиот сонародник Мунар и Австралиецот, Томпсон.