
Албанци го хакирале профилот на АТП и го објавиле знамето на – Голема Албанија (ФОТО)
Фотографијата е од натпреварот помеѓу Србија и Албанија одигран пред речиси една деценија во Белград, каде што националистичкиот симбол беше летан со дрон, а беше пропратена со честитка.
„Среќен Ден на независноста на Албанија. На овој голем ден нашите срца се полни со гордост додека го славиме духот на слободата и единството. Нека гордо се вее знамето на Голема Албанија, симбол на нашата богата историја и нека ја покаже силата на нашата нација“, пишува на страницата за турнеја на АТП со знамиња на Албанија и на Косово.
Оваа порака повеќе часа стоеше на профилот на АТП организацијата, која се уште не информирала зошто е дојдено до вакво нешто. Многумина сметаат дека ова е одговор на албанските хакери на однесувањето на српските тенисери предводени од Новак Ѓоковиќ на завршницата од Дејвис Купот. Србите на терен излегуваа со песната „Весели се српски роде“, која е протолкувана како контроверзна поради стиховите „Нека се вее српското знаме од Призрен до Румија“, места кои се наоѓаат во Косово односно Црна Гора.