
Новата ски-сезона стартува со спуст кој ќе почне во една, а ќе заврши во друга држава
Матерхорн требаше да биде домаќин на најдобрите скијачи и во минатата сезона, ама лошите временски услови тогаш го одложуија спустот и тој не се одржа.
Инаку стартот на трката на Метерхорн е во Швајцарија, а целта е во Италија, но спектакуларниот спуст на кој Б-селекцијата на Швајцарија веќе тренираше и го испроба ќе донесе и скокови од 50 метри, можеби и повеќе.
Според информациите, на тренингот скијачите летале по 50 метри, но стручњаците предвидуваат дека скоковите ќе бидат и за 20 метри поголеми кога ќе се одржат двата машки спуста, а потоа е предвиден еден женски.