Бугарски олимпиец се обидел да се самоубие – си пукал во стомак!

Поранешниот европски шампион во биатлон, Бугаринот Красимир Анев (36), се наоѓа во вештачка кома, откако се обидел да се самоубие, објавија медиумите од нашето источно соседство.

Тие јавуваат дека инцидентот се случил пред шест дена на југозападот на земјата. Тој бил пронајден во бесознание на реонот на браната Дренов Дол кај Ќустендил и тоа со прострелна рана во пределот на стомакот, а до него бил пронајден пиштол. Анев веднаш бил пренесен во болница, каде е ставен во вештачка кома. Неговата состојба моментално е стабилна, но се уште опасна по живот.

Станува збор за еден од најуспешните биатлонци во Бугарија, кој во својата 14-годишна кариера учествувал на 11 светски првенства и три пати бил дел од Зимските олимписки игри.