Звезда испушти +17, ама сепак победнички си заминува од Шпанија
На ред дојде Баскија каде српскиот и АБА шампион ја совлада Басконија со 75-73, во драматичен меч кој изобилуваше со пресврти. Малку недостасуваше Звезда да загуби по водство од 17 поени разлика, колку што водеше во третата четвртина (57-40) бидејќи Басконија не само што ја анулира таа негатива, туку во финишот и поведе со 73-71.
Во клучните моменти на сцена стапи Ајзеа Кенан кој прво го израмни резултатот, а потоа, на три секунди пред крајот ѝ донесе победа на Звезда, трета по ред и петта во последните шест кола од Евролигата.
Чима Монеке беше најефикасен кај Басконија со 18 поени, но на крајот излезе трагичар бидејќи го промаши последниот шут што можеше на неговиот тим да му донесе израмнување и продолжение. Боломбој ја предводеше Звезда со 16 поени, но уште еднаш се покажа дека белградскиот тим има исклучително широка клупа и играчи кои во секој момент можат да покријат нечие отсуство.
РЕЗУЛТАТИ
Жалгирис - Олимпијакос 85-92
Алба - Монако 90-105
Асвел - Олимпија Миланон 66-75
Басконија - Црвена Звезда 73-75