ФИФА казни две македонски екипи - ќе бидат без трансфери три преодни рока!
На листата на ФИФА за забрана на трансфери се најдоа прволигашот Воска Спорт и второлигашот Брегалница, а казната се однесува на три преодни рока. Засега не е објавена причината за забраните на македонските екипи од страна на ФИФА.
Шкупи на крајот на минатата година доби идентична казна, односно на три преодни рока, па ќе не може да ангажира фудбалери до јули 2026 година.