Мартин Ивановски e нов ракометар на Алкалоид

Македонскиот ракометен суперлигаш Алкалоид ангажира ново засилување за вториот дел од сезоната, а тоа е Мартин Ивановски.

Ивановски е ракометар кој игра на позицијата среден бек и доаѓа од Првата лига, односно од редовите на Пелистер 2.

Македонскиот ракометар во претходните две и пол сезони настапуваше за Пелистер 2, а претходно беше дел од ГРК Охрид.